
ConnecTruck
ConnecTruck е паметен систем кој го олеснува секојдневието на возачите и сопствениците на флоти.
Тој ги интегрира поврзаните технологии директно во твоето возило.
Новиот F-MAX доаѓа опремен со ConnecTruck системот, кој преку вградена SIM картичка ти овозможува моментален пристап до сите податоци за возилото,
без разлика дали си блиску или илјадници километри далеку.
Можеш во секое време да ја провериш состојбата на горивото и перформансите на возилото, каде и да се наоѓаш.

MaxCruis
MaxCruise е третото око на твоето возило – систем што ти овозможува да ја следиш трасата илјадници километ ри однапред.
Со поддршка од топографска мапа, тој ги анализира условите на патот и ги користи податоците за да ја прилагоди идеалната брзина на возење и бројот на вртежи на моторот.
На тој начин ја оптимизира безбедноста и ти овозможува заштеда на гориво до 4%.
Ажурирање на софтвер преку интернет (Over The Air)
Функцијата Over The Air ти овозможува постојано да ја следиш работата на возилото и да добиваш континуирани подобрувања на перформансите.
Благодарение на оваа технологија, нема потреба да одиш во сервис за ажурирање на софтверот –
ConnecTruck преку централизирано ажурирање овозможува брзи и ефикасни подобрувања на перформансите на твојот камион, во секое време и каде и да си.


Технологија на cloud пресметување
Технологијата на облачно пресметување безбедно ги зачувува сите податоци што ги собираат многубројните сензори на F-MAX.
Инженерите на Ford Otosan ги анализираат овие податоци со помош на паметни алгоритми што самите ги развиле,
со цел да создадат персонализирани решенија за подобрување на перформансите.
Дополнително, овие податоци се обработуваат уште пред твојата посета на сервис,
што овозможува заштеда на време при сервисирањето и ти помага побрзо да се вратиш на патот.
Далечинска дијагностика
Во транспортниот бизнис, времето е пари.
ConnecTruck ти заштедува време преку далечински пристап до твоето возило,
кога неочекувани дефекти предизвикуваат прекин во работа или намалени перформанси.
Системот автоматски врши дијагностика на проблемот, те известува за дефектот
и закажува термин во овластен сервисен центар.
Благодарение на тоа, сите подготовки се прават пред твоето пристигнување,
што значи помалку изгубено време и пониски трошоци за тебе.


Флотен менаџмент
-
Без потреба од дополнителна опрема, системот се активира по барање и претставува стандардна функција на новиот F-MAX.
-
Обезбедува лесен и непрекинат пристап до податоците за возилото – во секое време и од било каде.
Технологии за асистенција и евалуација на возење
Дури и најдобрите возачи понекогаш имаат потреба од помош на патот – и F-MAX секогаш е подготвен за задачата!
Системот за асистенција на возачот ја анализира изведбата при возење и ти дава совети за подобрување на ефикасноста и перформансите, правејќи го патувањето полесно и побезбедно.
Покрај тоа, преку евалуација на параметри како што се одржување на брзина, сопирање, забрзување и предвидливост,
системот создава перформансни резултати (скор) за секој поединечен индикатор.


Флотен менаџмент
-
Без потреба од дополнителна опрема, системот се активира по барање и претставува стандардна функција на новиот F-MAX.
-
Обезбедува лесен и непрекинат пристап до податоците за возилото – во секое време и од било каде.
Технологии за асистенција и евалуација на возење
Дури и најдобрите возачи понекогаш имаат потреба од помош на патот – и F-MAX секогаш е подготвен за задачата!
Системот за асистенција на возачот ја анализира изведбата при возење и ти дава совети за подобрување на ефикасноста и перформансите, правејќи го патувањето полесно и побезбедно.
Покрај тоа, преку евалуација на параметри како што се одржување на брзина, сопирање, забрзување и предвидливост,
системот создава перформансни резултати (скор) за секој поединечен индикатор.


My Ford Trucks – мобилна апликација
Најголемиот камион на Ford Trucks – F-MAX, сега може да го носиш во џеб!
Со мобилната апликација My Ford Trucks, сите податоци за твоето возило се на дофат на рака.
Апликацијата овозможува пристап до информации за возилото и одржувањето,
следење на локацијата на секој камион во твојата флота,
и пристап до далечинска дијагностика.
Со само еден клик преку My Ford Trucks, можеш далечински да ги контролираш:
бравите, прозорците, амбиенталното осветлување, кратките светла, четирите трепкачи и кровниот прозорец.
ConnecTruck Global Web Portal
ConnecTruck глобалниот веб-портал ти овозможува да ги следиш податоците за твоите возила преку повеќе од 30 параметри – на еден екран.
Можеш да извезуваш податоци во Excel, да креираш различни графикони, да ја следиш историјата на движење на возилата
и да добиеш известувања за евентуални прекршувања или неправилности.
Благодарение на паметните алгоритми и машинското учење на Ford Trucks,
системот те предупредува пред да настане дефект, обезбедувајќи максимално време на работа без застои.
До овие предиктивни дијагностички функции можеш да пристапиш преку Vehicle Health делот од веб-порталот.

