top of page
1.jpg

Услуги

Ford Trucks не е тука само кога си на пат.
Тој ги покрива и твоите останати потреби – од лизинг и осигурување, до гаранција и здравствена поддршка.
Без разлика какво прашање или потреба имаш, ние нудиме решение за сè што ти е потребно.

1-2.jpg

Решенија за надградби

Јавните институции денес му веруваат на водечкиот бренд во автомобилската индустрија за сите нивни потреби –
благодарение на 50-годишното искуство на Ford и неговите ефикасни решенија за надградби.
Најсоодветните, најиздржливи и најквалитетно изработени возила за јавни служби се создадени од домашни инженери
и поседуваат сертификат за производ со домашно потекло.

Финансии

Набавна цена, оперативни трошоци и вредност при препродажба...
Сето тоа е дел од грижата на Ford Trucks.
Со оперативен и финансиски лизинг, твојот бизнис останува ефикасен и одржлив.
Ти останува само да ја одредиш месечната рата со сите трошоци вклучени – и да не го надминеш својот кредитен лимит.

1-3.jpg
1-4.jpg

ConnecTruck

Запознај ја ConnecTruck технологијата и остани секогаш поврзан со твојот F-MAX.
ConnecTruck користи Cloud Computing технологија, која овозможува брз пристап до сите податоци од возилото
и целосен преглед на неговата состојба во реално време.

Академија за возачи

Дали знаеше дека можеш да ги намалиш голем дел од трошоците – од гориво до одржување – со Ford Driving Academy?
Оваа академија, создадена за да им го олесни работењето на компаниите преку подобрена потрошувачка на гориво,
нуди можност да ги научиш тајните на економичното возење со помош на стручен тим на инструктори.

Обуката за Безбедно возење се фокусира на принципите на сигурно управување дури и во најтешки услови на работа,
како што се транспорт на опасни материјали и градежни терени.

1-5.jpg
1-6.jpg

Ford Trucks финасирање

Ford Trucks Financial Services е тука за да понуди флексибилни финансиски решенија за клиентите на сите пазари.
Без разлика дали се работи за купување или лизинг, Ford Trucks нуди широк спектар на финансиски опции според потребите и условите на секој клиент.

Со помош на најблискиот овластен дистрибутер, можеш лесно да ја пронајдеш најсоодветната понуда за тебе.
Фокусирај се на твојот бизнис – останатото препушти го на Ford Trucks.

Продолжена гаранција

Проширениот гарантен период од 3 години може да се купи кај овластените Ford Trucks дилери

за сите модели на влекачи и камиони, сè до истекот на стандардната гаранција на возилото.

Со оваа услуга, клиентите можат да ја прошират стандардната гаранција од 2 години со неограничена километража
на 3 години, добивајќи ексклузивна предност и дополнителна сигурност во секој километар.

1-7.jpg
1-8.jpg

Пакети за одржување

Изгради ја својата флота со Ford Trucks и уживај во профитот!

Избери Ford Trucks за својата флота и секогаш ќе уживаш во висока профитабилност.
Благодарение на поволните пакети за одржување, достапни и за индивидуални и за флотни клиенти,
купувачите се заштитени од и
дни промени во цените на делови и можат значително да ги намалат трошоците за одржување.

Клиентите кои избираат пакет за одржување по моментални цени не се засегнати од идни поскапувања,
а воедно користат и попусти при купување на пакетот.
Овие пакети може да се искористат во сите овластени сервиси на Ford Trucks.

Во светот на Ford Trucks нема крај на привилегиите –
запомни дека пакетите за одржување што ги купуваш од Ford Trucks можат да бидат вклучени и во твојот кредит за возилото.

Додатоци и надградби

Комфорот е редефиниран со додатоците на F-MAX – создадени за да ти понудат повеќе удобност, стил и функционалност при секое возење.

Каталог
1-9.jpg
1-10.jpg

Кориснички упатства

bottom of page